
14.2 Можни дефекти
Проблем Можно решение
Програмата не почнува
да работи.
Проверете дали приклучокот за струја е вклучен во
штекерот.
Проверете дали вратата на апаратот е затворена.
Проверете дали има оштетен осигурувач во таблата со
осигурувачи.
Проверете дали е допрено Старт/Пауза.
Ако е поставен одложен почеток, откажете ја поставката
или почекајте да заврши одбројувањето.
Ако е вклучена функцијата Блокада за деца, исклучете ја.
Апаратот не се полни
правилно со вода.
Проверете дали е отворена славината за вода.
Проверете дали е многу низок притисокот во доводот за
вода. За овие информации, јавете се во локалното
претпријатие за водовод.
Проверете дали е затната славината за вода.
Проверете да не се затнати филтерот на доводното црево
и филтерот на вентилот. Погледнете во „Нега и чистење“.
Проверете дали доводното црево не е засукано, оштетено
или свиткано.
Проверете дали е правилно поврзано цревото за довод на
вода.
Апаратот се полни со
вода и веднаш ја
испушта.
Проверете дали одводното црево е во правилна положба.
Цревото може да е многу ниско поставено (видете во
ставот „Испуштање вода“).
Апаратот не испушта
вода.
Проверете дали е затната одводниот сливник.
Проверете да не е засукано или свиткано одводното
црево.
Проверете да не е затнат одводниот филтер. Исчистете го
филтерот доколку е потребно. Погледнете во „Нега и
чистење“.
Проверете дали одводното црево е правилно поврзано.
Поставете ја програмата за цедење ако поставувате
програма без фаза на цедење.
Поставете ја програмата за цедење ако поставувате опција
што завршува со вода во барабанот.
www.aeg.com42
Comentarios a estos manuales