
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените упатства.
Производителот не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или траен
инвалидитет.
• Не дозволувајте им на лица, вклучително и деца,
со намалени физички сетила, намалени ментални
функции или недостаток на искуство и знаење, да
го користат апаратот. Тие мора да бидат под
надзор или да добиваат упатства за ракување со
апаратот од лице кое е одговорно за нивната
безбедност.
• Деца не смеат да играат со апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од дофат на
деца.
• Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на
деца.
• Чувајте ги децата и домашните миленичиња
настрана од вратата на апаратот кога е отворена.
• Доколку апаратот има уред за безбедност на
деца, ви препорачуваме да го активирате.
1.2 Општа безбедност
• Пред одржувањето, исклучете го апаратот и
исклучете го кабелот од штекерот за струја.
• Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
МАКЕДОНСКИ 39
Comentarios a estos manuales