
ВНИМАНИЕ!
Неправилната положба на
филтрите може да
предизвика лоши
резултати при миењето и
може да го оштети
апаратот.
10.5 Чистење на долната
прскалка
Ви препорачуваме да ја чистите
редовно долната прскалка за да
избегнете нечистотијата да ги затнува
дупките.
Затнатите дупки може да
предизвикуваат незадоволителни
резултати при миењето.
1. За да ја извадите долната
прскалка, извлечете ја нагоре.
2. Измијте ја прскалката под чешма.
Употребете тенок остар алат, на
пр. чепкалка за да ги извадите
делчињата нечистотија од дупките.
3. За да ја вратите назад, притиснете
ја надолу.
10.6 Чистење на горната
прскалка
Ви препорачуваме да ја чистите
редовно горната прскалка за да
избегнете нечистотијата да ги затнува
дупките.
Затнатите дупки може да
предизвикуваат незадоволителни
резултати при миењето.
1. Извлечете ја горната корпа
целосно.
2. За да ја извадите прскалката од
корпата, притиснете ја прскалката
нагоре и истовремено свртете ја
надесно.
3. Измијте ја прскалката под чешма.
Употребете тенок остар алат, на
пр. чепкалка за да ги извадите
делчињата нечистотија од дупките.
МАКЕДОНСКИ 21
Comentarios a estos manuales