• 2 лимона со чиста кора (без восок)
• 1 главичка коморач
• 4 гранчиња свежа мајчина душичка
• 3 kg кујнска сол
Метод:
Исчистете ја рибата и истријте ја со сокот од
двата лимона.
Исечете ја главичката коморач на тенки
парчиња и заедно со гранчињата свежа
мајчина душичка наполнете ја рибата.
Ставете половина од кујнската сол во сад за
печење и врз неа ставете ја рибата. Другата
половина кујнска сол ставете ја врз рибата и
цврсто притиснете надолу.
– Време во апаратот: 55 минути
– Ниво: 1
Полнети лигњи
Состојки:
• 1 kg лигњи, со средна големина, исчистени
• 1 големa главичкa кромид
• 2 супени лажици маслиново масло
• 90 g зготвен ориз со долго зрно
• 4 супени лажици пињоли
• 4 супени лажици суво грозје
• 2 супени лажици сечкан магдонос
•сол, црн пипер
• сок од еден лимон
• 4 супени лажици маслиново масло
•150 ml вино
•500 ml доматен сос
Метод:
Силно истријте ги лигњите со сол, а потоа
измијте ги под чешма.
Излупете го кромидот, ситно исецкајте го и
династајте го со две супени лажици
маслиново масло додека да стане прозирен.
Во кромидот додадете ги оризот со долго
зрно, пињолите, сувото грозје и сечканиот
магдонос и зачинете со сол, црн пипер и сок
од лимон. Наполнете ги лигњите со
мешавината и добро затворете.
Ставете четири супени лажици маслиново
масло во тава на рингла и исушете ги
лигњите. Додадете вино и сос од домати.
Покријте ја тавата со капак и ставете ја во
апаратот.
– Време во апаратот: 60 минути
– Ниво: 1
Риба на пареа
Состојки:
• 400 g компири
• 2 снопчиња млади кромитчиња
• 2 чешниња лук
• 1 мала конзерва сечкани домати (400 g)
• 4 филети од лосос
• сок од еден лимон
• сол и црн пипер
• 75 ml супа од зеленчук
• 50 ml бело вино
• 1 гранче свеж рузмарин
• 150 ml вино
• 1 / 2 китка свежа мајчина душичка
Метод:
Измијте ги компирите, излупете ги, исечете ги
на четвртинки и вријте ги во солена вода 25
минути, потоа исцедете ги и исечете ги на
парчиња.
Измијте ги младите кромитчиња и ситно
исечкајте ги. Излупете ги чешнињата лук и
исечете ги на парчиња. Измешајте ги
кромидот и лукот со сечканите домати.
Испрскајте ги филетите лосос со сокот од
лимон и оставете ги да се маринираат. Потоа
исушете ги и зачинете ги со сол и црн пипер.
Измешајте го зеленчукот со компирите и
ставете ги во подмачакн огноотпорен сад,
зачинете и ставете го лососот одозгора.
Истурете ги супата од зеленчук и белото вино
врз него и распоредете ги рузмаринот и
мајчината душичка.
– Време во апаратот: 35 минути
– Ниво: 2
Искушението на Џенсонови
Состојки:
• 8 - 10 компири
• 2 главички кромид
• 125 g филети од инчун
• 300 ml слатка павлака
• 2 супени лажици лебни трошки
• црн пипер
• свежо исечкана мајчина душичка
• 2 супени лажици путер
Метод:
Измијте ги компирите, излупете ги и исечете
ги на ленти. Излупете го кромидот и исечете
го на ленти.
10
www.aeg.com
Comentarios a estos manuales